Фото: Роjтерс

Кремљ ги отфрли обвинувањата дека се подготвува за воен напад врз Украина, пренесе Ројтерс.

Шефот на украинското воено разузнавање Кирил Буданов изјави во интервју за време на викендот дека Русија распоредила повеќе од 92.000 војници долж границата со Украина и дека се подготвува за воена офанзива кон крајот на јануари или почетокот на февруари.

Според него, таквиот напад најверојатно ќе вклучи воздушни напади, артилериско гранатирање и напад со оклопни возила, по што ќе следат воздушни слетувања во источна Украина и поморски слетувања во Одеса и Мариупол, како и рации на соседна Белорусија.

Русија ги отфрли обвинувањата и изрази загриженост дека на Украина и се доставуваат големи количини оружје.

ʺКоличеството на провокации расте, значително расте, а тие се вршат со употреба на оружје што се доставува во Украина од земји во НАТО, што е во спротивност со договорите од Минск“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на претседателот Владимир Путин.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO