Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјар е отпуштен. Веста официјално беше потврдена од клубот. 48-годишниот Норвежанец го презеде тимот во декември 2018 година, кога го замени Жозе Мурињо. Прво беше назначен привремено, а потоа доби постојан договор.

ʺОле секогаш ќе биде легенда на Манчестер Јунајтед и за жал дојдовме до оваа тешка одлука. Иако последните неколку недели беа разочарувачки, тие не треба да пречат да се види целата работа што тој ја сврши во последните 3 години во градењето на темели за долгорочен успех“, се вели во соопштението на клубот.

Отказот на Солскјеар доаѓа по вчерашниот тежок пораз од Ватфорд со 1:4. Тоа беше кулминација на низата разочарувачки резултати и слабо претставување. „Црвените ѓаволи“ претрпеа четири порази во последните пет натпревари во Премиер лигата, вклучувајќи ги и поразите на Олд Трафорд од Ливерпул со 0-5 и од Манчестер Сити. Тимот е седми во лигата, иако направи скапа летна селекција во која беа вклучени Џејден Санчо, Рафаел Варан и Кристијано Роналдо. Во вторник на тимот му претстои важен натпревар против Виљареал во Лигата на шампионите.

До назначувањето на нов тренер, тимот ќе го води поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, соопштија од клубот.

Раководството на ʺцрвените ѓаволи“ се уште сака Зинедин Зидан да го преземе клубот, но Французинот не е убеден во проектот. Реален фаворит останува Брендан Роџерс, а по него на списокот е тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг. Според ʺАтлетикʺ, шефовите на Јунајтед размислувале и за тренерот на Севиља, Хулен Лопетеги. Џанлука Ди Марцио пак напоменува дека Лоран Блан в споменуван како опција за привремен тренер.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO