
Јанис Антетокумбо постигна 47 поени во победата на Милвоки Бакс над Лос Анџелес Лејкерс со 109:102. Натпреварот не успеа да прерасне во дуел помеѓу Антетокумбо и Леброн Џејмс, кој отсуствуваше поради повреда.
Ѕвездата на ʺелените“ беше со 28 поени пред паузата. Натпреварот го заврши со девет скока и три асистенции.
Милвоки ја прекина серијата од два порази и сега има биланс од седум победи и осум порази. Тимот се најде на 11. место во Источната конференција.
