Министерствата за надворешни работи на Франција и Германија ја обвинија Русија за нарушување на дипломатскиот протокол со објавувањето на кореспонденцијата на 28 страници меѓу министрите Жан-Ив Ле Дриан и Хајко Маас со првиот руски дипломат Сергеј Лавров.

Москва ги објасни своите постапки со неопходноста да покаже дека нејзината позиција во преговоите за Источна Украина се претставува некоректно од Париз и Берлин.

Спорот е предизвикан од одбивањето на првиот руски дипломат Сергеј Лавров да присуствува на средба во Нормандискиот формат, кој требало да се одржи пред една недела.

Франција и Германија тврдат дека нацрт-комуникето предложено од Лавров на средбата било неприфатливо.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека не е изненадена од објавувањето на кореспонденцијата. И соопшти дека настојувала пред рускиот претседател Владимир Путин за средба на ниво на министри за надворешни работи за Украина пред да и истече нејзиниот мандат во декември.

Претходно Владимир Путин го обвини Западот за ескалација на тензиите околу Украина и не се сообразува со црвените линии на Русија, вклучително со испорака на оружје за Киев и провокативни маневри во Црното Море.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO