Фото: Роjтерс

Две австриски провинции – Горна Австрија и Салцбург, објавија целосен локдаун од понеделник, пренесува австриската новинска агенција АПА.

ʺГи затвораме и училиштата, немаме друг избор“, објасни премиерот на Салцбург Вилфрид Хаслауер.

Двете провинции се најтешко погодени од четвртиот бран на пандемијата.

Новите случаи во речиси девет милионската Австрија за последното деноноќие се над 15 илјади, а починатите се 55.

Од понеделник во Австрија е на сила карантин за невакцинираните, кои можат да излезат од дома само за да одат на работа или да пазаруваат.

Владата на канцеларот Александар Шаленберг досега категорично го отфрла воведувањето на целосен локдаун во целата земја.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO