Како што се засилува бегалската криза во Белорусија, владата на Естонија денеска повика 1.700 резервисти на ненајавена воена вежба, за време на која, меѓу другото, ќе се постават бариери од жица долж границата со Русија.

Европската унија ја обвини Белорусија дека ги охрабрува бегалците од Блискиот Исток и Африка да дојдат, а потоа белоруските власти ги упатуваат во земјите членки на ЕУ и НАТО, Полска, Литванија и Летонија за да се одмаздат за санкциите воведени кон Минск.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO