Фото: Роjтерс

Загрижувачки расте нивото на заразени и хоспитализирани во Грција. Бројот на починати од Ковид-19 секојдневно расте, но владата во Атина повеќе нема да воведува ограничувачки мерки против невакцинираните.

Здравствениот систем во Грција е на границата на своите можности, соопштуваат лекарите од Ковид-одделенијата. Денеска истекува последниот рок за доброволно вклучување на приватни лекари на дежурства во државните болници. Нивната мобилизација почнува утре.

ʺВратете ги невакцинираните здравствени работници“, повика лекарскиот синдикат, информирајќи дека ги интубираат пациентите надвор од одделението за интензивна нега.

Северна Грција е најкритичниот регион во Грција по бројот на заразени и хоспитализирани.

Кревети за болните се осигуруваат во приватни клиники, но лекари нема, изјави потпретседателката на грчките болнички лекари Марија Теодоропулу.

Бројот на починати секојдневно расте, а овој тренд се очекува да продолжи и во декември.

Во исто време, премиерот Мицотакис негираше дека владата размислува да воведе „австриски модел“ на мерки, како што тиражираат од медиумите.

Обвинителството покрена истрага против родители ширум земјата кои не им дозволуваат на своите деца да одат на училиште бидејќи не сакаат да бидат тестирани и да носат маски.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO