Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека на Балканот се уште нема конечен мир поради нерешените проблеми, особено меѓу Србија и Косово, независна и суверена држава која Србија треба да ја признае, пренесе Коха.

Рама изјави за телевизијата Франс 24, коментирајќи ја иницијативата Отворен Балкан, велејќи дека таа треба да го олесни движењето на стоки меѓу Албанија, Северна Македонија и Србија и да ги отстрани границите.

Според Рама, „Отворениот Балкан“ не наметнува ограничувања и е отворен за сите, со цел да се подобри животот на граѓаните.

Тој посочува дека за „Отворен Балкан“ вратата е отворена за сите балкански земји без предуслови, бидејќи целта е да се направи нешто важно за луѓето и за регионот.

ʺТоа е тешка задача, бидејќи тоа е и мировен процес. Сè уште немаме конечен мир на Балканот, бидејќи има проблеми што треба да се решат, особено меѓу Србија и Косово, но во исто време има лекции што може да се извлечат од историјата, а патот е она што Франција го направи со Германија по Втората светска војнаʺ – рече Рама, цитиран од „Косово онлајн“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO