
Фото: Роjтерс
Трустот на извршниот директор на Tesla, Илон Маск, продаде на крајот на работната седмица акции на Tesla за уште околу 1,2 милијарди долари, според финансиските документи објавени во петокот вечерта. Сепак, Маск сè уште има повеќе од 166 милиони акции во компанијата за електрични автомобили, пишува CNBC.
Така, во текот на изминатата работна седмица, Илон Маск продаде акции на компанијата во вредност од околу 6,9 милијарди долари, а дел од акциите беа продадени за враќање на даночни обврски поврзани со доспевање на опции за стекнување дополнителни акции од Tesla.
Овие продажби влијаеја на цената на акцијата на Tesla, која падна за 15,4% во текот на изминатата седмица, што го означи најлошото работење на компанијата во една седмица во последните 20 месеци. Тоа беше исто така една од најлошите седмици за акциите на Тесла во историјата, со исклучок на нивните падови на цените во февруари и март 2020 година, кога тогашната пандемија на коронавирус предизвика колапс на глобалните берзи.
И покрај овој пад, акциите на Tesla сè уште бележат раст со 46% оваа година, следејќи ја рекордната цена на затворање од 1.229,91 долари по акција на 4 ноември 2021 година.
На 6 ноември, Маск побара од своите повеќе од 60 милиони следбеници на Твитер да гласаат во неофицијална анкета и им рече дека нивниот глас ќе ја одреди иднината на некои од неговите акции во Тесла. Сепак, доставените финансиски документи покажуваат дека дел од овие продажби биле закажани за оваа седмица, без разлика на резултатот од анкетата.
