Централата на криминалните групи за издавање фалсификувани зелени сертификати за Грција е во Сандански. Ова го тврди грчкиот весник Катимерини“, повикувајќи се на податоци на грчката полиција.

Темата за нерегуларните зелени сертификати од Бугарија стана централна кај нашиот јужен сосед по истрагата на грчката јавна телевизија оваа недела. Еден од грчките учесници во шемата, кој побарал анонимност, раскажува за медиумот дека Грците плаќаат по триста евра за документ во Бугарија без да бидат вакцинирани.

Според првична информација од грчките власти, криминалните групи ги искористиле дупките во здравствениот систем на Бугарија, а централата на целата дејност била во Сандански. Извори на ʺКатимерини“ тврдат дека во криминалната шема се вклучени и граничари, како од Кулата, така и од Промахон.

Изданието пишува и дека во септември обвинителството во Солун и наложило на полицијата да ги истражи информациите за такви сертификато ви Бугарија. Но, полицијата ја прекина истрагата поради потешкотии во нејзиното спроведување.

Неименуван висок полициски службеник, изјавува за изданието дека грчките безбедносни служби се обратиле до нивните колеги во Бугарија и Северна Македонија, но од двете земји немало рекација.

Продолжува проверката во врска со зелените сертификати издадени на вработени во болница во Солун, се проверуваат и сомнителните случаи на вработени во болницата во Кавала, кои приложиле сертификат од Бугарија, одбележува Катимерини.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO