Фото: Роjтерс

Повторно црн рекорд со заразени во Грција за едно деноноќие – 4696.

Лекарите предлагаат да се затворат вечерните кафулиња во критичните области.

Уште еден ден во реони во Северна Грција, кои се со вакцинирано население под 50%, е регистриран висок број на новозаразени.

Здравствените власти предупредуваат дека медицинскиот персонал е преоптоварен и затоа се бараат лекари специјалисти за ковид-одделенијата.

Се предлага плаќање од по 250 за дежурство за медицинските лица кои работат во приватна ординација.

Поради распостранувањето на болеста во области со висок раст на заболени, се очекува да се затворат ноќните клубови, како и да не се опслужуваат ниту на отворено клиенти во кафулињата и баровите, ако не се вакцинирани. Од утре во земјата започнува нова кампања со која се повикува на масовна имунизација, која според лекарите останува единствениот начин да се намали ширењето на инфекцијата.

Засега не се очекува целосно затворање на Грција.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO