Фудбалерите на Атлетик (Билбао) на домашен терен го надиграа составот на Виљареал со 2-1 во натпревар од десеттото коло на шпанското првенство. Домаќините го постигнаа првиот гол преку Раул Гарсија во 14 -тата минута, но по околу половина час игра, резултатот беше изедначен по точната интервенција на Френсис Коклен. По паузата Атлетик до трите бода стигна по реализираниот пенал од Икер Муниаин во 77. минута.

Пет минути подоцна, Алекс Беренгер можеше да стави точка на спорот по нов удар од белата точка, но не успеа и така резултатот остана непроменет. Баскијците по девет одиграни натпревари се седми во поредокот со 16 бодови, додека „жолтата подморница“ е на 13. место со 11 бодови. Во следното коло Атлетик е домаќин на Еспањол, додека Виљареал е домаќин на Кадиз.

Пред тоа Елче и Еспањол ги поделија бодовите по ремито 2:2.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO