Фото: Роjтерс

Екипата на Ливерпул, како гостин го победи со 5: 0 Ватфорд во првиот натпревар од осмото коло во англиската Премиер лига. Така, тимот го презеде водството во поредокот пред останатите натпревари од колото. Хет-трик за гостите постигна Роберто Фирмино, погодија и Садио Мане и Мохамед Салах. Ливерпул е веќе во серија од 20 последователни натпревари на сите турнири без пораз.

Новиот менаџер на Ватфорд, Клаудио Раниери, нема добро да го памети своето деби за ʺстршленитеʺ бидејќи неговиот тим беше беспомошен против ʺцрвените“.

Ливерпул стана првиот тим во англиската Премиер лига кој постигнал три или повеќе голови на седум последователни гостувања во сите натпреварувања.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO