Фото: Роjтерс

„Поскапувањето на цените на гасот во Европа е последица на недостигот од електрична енергија“, изјави рускиот претседател Владимир Путин пред учесниците на меѓународниот форум ʺРуска енергетска седмица“, чиј домаќин е Москва.

Во истото време, Путин увери дека Русија е подготвена да го зголеми снабдувањето со природен гас на европскиот пазар.

Меѓу претпоставките за актуелната криза во Европа, претседателот Путин го посочи зголемувањето на уделот на енергија од обновливи извори и напуштањето на долгорочните договори за снабдување со гас во корист на пазарот на место:

„Во текот на последната деценија, чекор по чекор, во европската енергетока се заложуваа системски дефекти. Токму тие доведоа до големата криза на европскиот пазар. Ќе потсетам дека кога водечка улога играа нуклеарната и гасна генерација, немаше такви кризи “.

Претседателот, исто така, нагласи дека Русија се придржува до договорите за снабдување со гас во Европа и е подготвена да ги зголеми количините доколку европските земји сакаат.

Заедно со европските компании, нашите партнери и пријатели, спроведуваме големи инфраструктурни проекти.Задачата на ʺТурски поток“, ʺБалкански поток“, ʺСеверен поток 1“ и ʺСеверен поток 2“ е со години да обезбеди одржливост и предвидливост на снабдувањето од такви количини гас што им се потребни на европските земји “, додаде Путин.

Путин предвидува дека пуштањето во работа на гасоводот ʺСеверен поток 2“ може да ги намали тензиите на европскиот пазар, но нагласи дека проектот се соочува со административни пречки.

Според него, Русија е подготвена да го одржи, па дури и да го зголеми транзитот на гас преку Украина по 2024 година, кога истекува актуелниот договор меѓу Москва и Киев, во зависност од нивото на потрошувачка во Европа.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO