Фото: Роjтерс

Британскиот министер без ресор Оливер Дауден одбележа денес дека владата на Обединетото Кралство ги смета за „добредојдени“ промените кои Европската унија ќе ги предложи за Протоколот за Северна Ирска, кој е дел од Брегзит договорот за повлекување.

Дауден нагласи дека Лондон е ангажиран ʺцелосно и конструктивно“ со предлозите на Брисел, истовремено барајќи некои ʺфундаментални промени“ во договорот.

И покрај тоа, тој додаде дека владата ќе реагира правилно на најновите случувања откако ЕУ официјално ги претстави своите предлози во текот на денот.

Неговите коментари доаѓаат по информацијата дека Европската унија планира да укине 50% од проверки на стоки што влегуваат во Северна Ирска од останатиот дел на Обединетото Кралство.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO