Нова рунда разговори меѓу бугарското и македонското министерство за надворешни работи се очекува до крајот на октомври, изјавил министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, објави БГНЕС.

За време на преговорите, кои ќе бидат четврти по ред, ќе се разговара и за т.н Протокол 5 + 1, објавен од претседателот Румен Радев во Словенија.

Во случај да се постигне договор, протоколот ќе биде претставен пред бугарскиот Совет на министри и ќе биде потпишан од двајцата први дипломати на земјите.

Се очекува и состанок на Мешовитата комисија за историски прашања, кој треба да се одржи по локалните избори во Македонија.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO