Фото: Роjтерс

Австрискиот канцелар Александар Шаленберг за првпат се обрати пред Националниот совет, но неговото обраќање остана во сенка на налозите за претрес на канцелариите и становите на соработниците на поранешниот канцелар Себастијан Курц, кој поднесе оставка неколку дена подоцна.

Беата Мејнел-Рајсингар, австриска политичарка и лидер на опозициската Партија Нова Австрија и Либералниот форум (НЕОС), на новиот канцелар му претстави налог за претрес на 104 страници, но судејќи според видеото, Шаленберг не бил среќен поради тоа, па „подарокот“ завршил на подот.

Кога Минел-Рајсингер му ги предала документите, тој само ги погледнал и веднаш ги отстранил од неговата работна маса. Неговите постапки не останале незабележани, а австриските медиуми посочија дека тој на тој начин покажал лојалност кон Себастијан Курц, шефот на партијата ОВП на која ѝ самиот припаѓа.

Реакциите за оваа постапка беа бурни, па Шаленберг морал да се огласи на Твитер.

Тој посочи дека многумина сметаат дека неговата постапка е непочитување на независното судство или политичарот што му ги предал документите.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO