Фото: Роjтерс

Франција сака да се претвори во лидер до 2030 година во производството на зелен водород и да изгради нови, помали нуклеарни реактори како дел од инвестициски план вреден 30 милијарди евра, насочен кон поттикнување на индустриски шампиони и иновации, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон, пренесе Ројтерс.

Говорејќи шест месеци пред претседателските избори во земјата, Макрон посочи дека неговата долгорочна патна карта, наречена ʺФранција 2030“, ќе гарантира земјата масовно да ја декарбонизира својата индустрија и да го донесе индустриското производство во клучните области близу до дома.

ʺТреба да ја водиме битката за иновации и индустријализација истовремено“, рече тој пред група претприемачи, додавајќи: ʺИмаме  потреба од држава која произведува повеќе, а тоа е единствениот начин што ќе ни овозможи да продолжиме да го финансираме нашите социјален модел “.

Макрон истакна дека планот ќе им даде клучна улога на мали, мобилни старт-ап компании во обликувањето на индустриската иднина на Франција, заедно со воспоставените гиганти.

Посочувајќи на недостатокот на заштитни маски при појавата на пандемијата од коронавирус, францускиот претседател кажа, дека од една страна, кризата покажала вистинска ранливост за сите, а од друга страна, колку важни се иновациите и индустриското производство близу до дома.

Тој откри дека Франција планира да инвестира 1 милијарда евра во мали модуларни реактори, бидејќи се стрени да го намали француските т.н ʺјаглероден отпечаток“ со зголемување на производството на нуклеарна енергија.

Макрон, исто така изјави дека Франција има за цел да стане лидер во производството на зелен водород до 2030 година со најмалку две гига фабрики за електролизери.

ʺТреба да ја вратиме рамката за продуктивна независност на Франција и Европа“, посочи Макрон.

Според него, Франција ќе се стреми да го изгради својот прв нискојаглероден авион до 2030 година, како и да изгради речиси 2 милиони електрични и хибридни превозни средства. Претседателот изјави дека како „голема автомобилска нација, Франција не сака да стане најзелената нација со автомобили што не се произведуваат тука“.

ʺРеволуцијата на електричните превозни средства е во тек и ние треба да се вклучиме во неа, како во сегментот на превозните средства, така и во сегментот на акумулаторите, за кои во моментов развиваме три гигафабрики“, изјави Макрон, истакнувајќи дека се наменети 6 милијарди евра за производство на електронски компоненти.

30 милијарди евра доаѓаат како дополнување на планот за обновување од 100 милијарди евра објавен минатата година за да и помогне на Франција да се справи со последиците од пандемијата од коронавирус, од кои голем дел ќе одат за поттикнување на еколошките енергетски политики.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO