Фото: Роjтерс

Грција испраќа уште војници на границата со Турција, бидејќи Атина очекува провокација со мигранти на надворешната граница на Европската унија.

Уште 250 војници се вклучени во чувањето на грчката граница со Турција, соопшти Министерството за одбрана. Во готовност се уште 800 души од граничната полиција да работат на аеродроми, пристаништа и области близу до турската граница.

Мигрантите не треба да се користат за политички цели, изјави премиерот Киријакос Мицотакис. Атина се залага за построги европски активности за ограничување на илегалната миграција.

Во парламентот, министерот за миграција Митаракис изјави дека Европа не се граничи со завојувани земји и дека оние што пристигнуваат во последната транзитна земја, Турција, не се изложени на ризик таму.

На копнената граница со Турција има изградено високотехнолошки систем за надзор и се следи илегалниот влез. На морската граница во Егејско море, обезбедувањето иста така е засилено.

Со цел да се неутрализира евентуална провокација од страна на Турција, пред неколку дена Грција потпиша пакт за воена соработка со Франција. Селдната недела во Вашингтон, шефот на грчката дипломатија Никос Дендијас ќе потпише договор за воена помош со САД .

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO