Фото: Роjтерс

Европската комисија се уште не извршила оценка на решението на полскиот Уставен суд и засега нема што да додаде. Така одговори на новинарско прашање портпаролот на Комисијата Ерик Мамер.

Според решение на судот минатата седмица, делови од правото на ЕУ се некомпатибилни со уставот на земјата. Запрашан дали судското решение може да доведе до активирање на членот 7 од Договорот за функционирањето на Европската унија, тој потсети дека во моментов има постапка според него против Полска и појасни дека нема да има нова, туку само ќе биде дополнета тековната.

Одделно, Комисијата следи дали Полска го исполнува решението на Судот на правдата на Европската унија да плати казна од 500 000 евра на ден. Мерката беше воведена во септември поради одбивањето на властите во Варшава да го затворат рудникот за јаглен ʺТуровʺ.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO