Советот на ЕУ додаде на листата на санкционираните уште осум лица, главно судии во Симферопол и Севастопол, за ʺактивно потпомагање на дејства и спроведување политики кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина“.

Санкциите се насочени кон судии, обвинители и безбедносни службеници кои „донеле пристрасни одлуки во политички мотивирани случаи и ги прогонувале или потиснувале противниците на незаконското присоединување на Крим и Севастопол“.

Така, лицата додадени на списокот – судии, обвинители и службеници во безбедноста одговорни за наметнување на руското законодавство во Крим и Севастопол – станаа 185, а здруженијата – 48. Засегнатите од ограничувачките мерки се одговорни за наметнувањето на руското законодавство во незаконски анектираните територии.

Казнените мерки вклучуваат замрзнување на активи и забрана за патување во ЕУ.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO