Во Европа на 21 век, на кој јазик зборуваме, кој ни е мајчин јазик – за етничките Македонци во Северна Македонија тоа е македонскиот јазик. Ова е прашање за луѓето во земјата, вели вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров во интервју за Би-би-Си радио.

Според него, ова не е прашање за друга земја, ниту е прашање за меѓународна организација.

ʺИнвестиравме многу во нашите односи со Бугарија, го потпишавме Договорот за пријателство во суштина велејќи – ние Владите ќе работиме гледајќи кон иднината, за да ја зголемиме нашата соработка, Бугарија ќе ни помогне на нашиот евроинтегративен пат, а за прашањата на историјата, формиравме Комисија на историчари за да разговара за оние делови од нашата историја кои што се заеднички и кои ги поврзуваат двата народи, двете земјиʺ, вели Димитров.

Тој смета дека официјална Софија ʺправат многу тешко, за да се уште се чувствуваме дека сме пријатели со нив“.

ʺНе е пријателски да го доведувате во прашање јазикот на вашиот сосед. Не е многу пријателски да се блокира нешто што е толку важно за луѓето во Северна Македонија – нашата европска иднина. Навистина е тешко на некој начин да продолжите да ги нарекувате пријателиʺ, додава Димитров во интервјуто.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO