Фото: Роjтерс

Американскиот заменик државен секретар за политички прашања Викторија Њуланд пристигнува во тридневна посета на Русија.

Викторија Њуланд беше отстранета од списокот на американски државјани на кои им беше забрането да ја посетуваат Русија, откако претходно руските државјани беа отстранети од соодветната американска црна листа. Ова го соопшти во етерот на Првиот канал на руската телевизија, портпаролот на Министерството за надворешни работи Марија Захарова, без да даде повеќе детали.

Според информација на весникот ʺКомерсант“, еден од нив е Константин Воронцов, специјалист во Министерството за надворешни работи на Русија за неширење и контрола на оружјето.

Захарова појасни дека Викторија Њуланд доаѓа во Москва по сопствена иницијатива.

Заменик државниот секретар на САД ќе се сретне со заменик -министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, кој преговара со Вашингтон за прашањата за стратешка стабилност и контрола на вооружувањето.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO