Фото: Роjтерс

Александер Шаленберг стапи на должност како канцелар на Австрија. Тој положи заклетва пред претседателот во палатата Хофбург во Виена. Досега Шаленберг беше министер за надворешни работи во кабинетот на Себастијан Курц.

Во саботата, лидерот на Австриската народна партија се повлече од функцијата канцелар поради корупциски скандал, но изјави дека ќе остане на чело на партијата и претседател на нејзината парламентарна група.

Курц е под истрага заради тврдења, дека државните пари биле искористени во корупциски договор за да се обезбеди позитивно одразување во таблоидски весник за него и неговата партија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO