Фото: Роjтерс

Грција веќе е со 40 километрска ограда на копнената граница и со помош на европските чувари на границата во Егејското Море.

Атина ја поздравува позицијата на еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон, која поддржува изградба на гранични огради.

Грчкиот заменик -министер за надворешни работи Милтијадис Варвициотис изјави дека Атина има за цел да ги издржи сите предизвици против надворешните граници на Европа. На средбата во Атина со австрискиот министер за европски прашања, Варвициотис истакна дека е повеќе од неопходно европските земји да најдат заедничко решение за заедничкиот проблем – безбедност на европските граници.

Од Европската комисија потврдија дека се добиени писма од 12 држави, вклучувајќи ги Грција и Бугарија, со барање, Европската унија да финансира изградба на гранични огради.

Грчките медиуми го објавија ставот на словенечкиот министер за надворешни работи дека надворешните граници на унијата не се доволно заштитени.

Грција веќе ја заврши изградбата на 40 километрската ограда на копнената граница со Турција во област Еврос, но илегалните мигранти се уште ја преминуваат реката Марица.

Првиот дипломат на Атина, Никос Дендијас, изјави во парламентот дека на мигрантите нема да им биде дозволено без пречки да влезат преку грчката граница.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO