Фото: Роjтерс

Северна Грција е со висок број на заразени со коронавирус поради нискиот процент на поставени вакцини. Грчката влада е подготвена денеска да објави ʺвраќање кон нормален ритам на животот“ само за вакцинирани.

Градоначалникот на Серес настојува да се воведат строги ограничувачки мерки во областа поради зголемениот број на заразени со коронавирус.

Причината, според локалните власти, е дека доаѓаат секоја вечер жители од соседните области, каде има вечерен час и ги посетуваат ноќните клубови во Серес без да ги почитуваат мерките.

Во Серес, Драма, Кавала и Ксанти, се вакцинирани помалку од половината од населението, нагласуваат лекарите и повикуваат на итна имунизација дури и на децата.

За да се стимулираат и повлијае на луѓето да се решат за имунизација, денеска се очекува министерот за здравство да воведе слободно движење и пристап до јавни места за вакцинираните лица, дури и во подрачјата кои се под карантин.

Полицијата во Грција спроведува масовни проверки низ целата земја за почитување на мерките и казнува со 300 евра дури и за неправилно поставување на маска.

Протестите против задолжителната вакцинација не стивнуваат.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO