Фото: Роjтерс

Илјадници луѓе демонстрираа синоќа во Букурешт по повикот на екстремната десница против ʺзадолжителната вакцинација“, и покрај тоа што Романија постави нов дневен рекорд на случаите на Ковид-19 од почетокот на пандемијата-12.500 новозаразени, пренесе АП.

Демонстрантите, главно без маски, се собраа пред владините згради и извикуваа ʺСлобода без сертификати“ и ʺДолу владата“.

Според локалните медиуми, имало околу 15.000 демонстранти.

Само една третина од 19 -те милиони Романци се вакцинирани досега, што е најнизок процент во Европската унија по Бугарија.

Ограничувањата што стапуваат на сила денес вклучуваат носење маски на јавни места. Продавниците треба да се затвораат во 22 часот.

Рестораните, театрите и спортските сали може да останат отворени, некои со делумен капацитет, за пациенти кои имаат Ковид сертификат или да покажат докази дека преболедувале коронавирус.

Во текот на викендот има вечерен час за невакцинирани Романци и има планови за задолжителна вакцинација на здравствените работници, наведува Ројтерс.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO