Бугарија успеа да ја смени својата улога од добар полицаец за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ во лош, откако ги блокираше преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предлага разговорите да се поделат – на европско ниво да се водат мултилатерално, а противречностите – билатерално. Ова е позиција на Европската унија и не е без преседан, вели бугарската професорка Ана Крстева, за Bloomberg TV Bulgaria.

Според неа, разликите меѓу земјите мора да се решат на европско ниво.

ʺБугарија сака токму спротивното – да ја ангажира ЕУ на своја страна. Не успеваме да комуницираме што точно не загрижува. Бугарија звучи како од минато, а не како за иднина. Нашиот сопствен развој ќе беше забрзан доколку повеќето од нашите соседи беа членки на ЕУʺ, смета професорката.

Таа потенцира дека Европската унија не е обединета во врска со проширувањето.

ʺГерманија е една од земјите за проширување на Западен Балкан. Франција сака длабока интеграција и покажува незадоволство од европското членство на Бугарија и Романија. За нив е рано да се прифатат нови земји кои не се подготвени. За Париз, ова ќе ги влоши проблемите во европските земјиʺ, истакна Крстева.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO