Фото: Роjтерс

Рестораните во Северна Грција трпат огромни загуби од наметнатиот вечерен час. Сопствениците масовно го отпуштаат својот персонал. Тие бараат помош и даночно олеснување од владата.

Вечерниот час во Северна Грција реално ги затвори ноќните клубови, се жалат сопствениците. Само во Солун отпуштени се 2.500 луѓе персонал и остануваат без работа.

Над 50% паднал прометот на други ресторани – таверни и барови од наметнатите мерки. Барањето и децата да имаат негативни тестови ги откажува семејните клиенти, изјавија за медиумите погодени сопственици на ресторани. Невакцинираните млади луѓе се собираат во паркови и градини и не одат во ресторани, што е многу поопасно за ширење на вирусот, според коментарите на социјалните мрежи.

Сопствениците на ресторани во Северна Грција настојуваат за помош од владата и се категорични дека не можат да ги задржат работните места. Во официјално писмо до Министерството за развој се настојува да не се плаќаат даноци и кирии при наметнување на ограничувачки антиковид мерки.

Во исто време, тимови на полиција и финансиски експерти вршат постојани инспекции на рестораните за почитување на мерките. Ги проверуваат како сертификатите за вакцинација на клиентите, така и на персоналот. Изрекуваат многу високи казни дури и за погрешно поставена маска.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO