Фото: Роjтерс

Најмалку девет лица загинаа во пожар во специјализирана болница во романскиот град Констанца за лекување на Ковид-19.

Пожарот избувнал во одделот за реанимација во болницата, соопшти романското Министерство за здравство.

Во моментот на инцидентот, во болницата имало 113 пациенти, од кои 10 биле на интензивна нега. Видео снимките што се распострануваат на социјалните мрежи покажуваат пациенти како скокаат од прозорците за да избегаат од пламенот.

Досега се евакуирани 50 лица. Сите тие се веќе хоспитализирани во други болници, појасни Министерството за здравство.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO