Фото: Роjтерс

Во рамките на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска е во Белград на разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.

Главните теми на разговорите на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Белград се европската интеграција на Србија и тензиите во Косово. Претходно, Фон дер Лајен изрази загриженост поради тензиите долж границата меѓу Косово и Србија. Таа ги повика Приштина и Белград кон конструктивен дијалог и заедничка работа со поглед кон иднината и да се посветат на преговорите со посредство на Брисел.

ʺЗнам како е да се решаваат спорови, доаѓам од земја која ја започнала Втората светска војна и одговорна за Холокаустот“, изјави Фон дер Лајен во Приштина.

Подоцна денеска, заедно со српскиот претседател, таа ќе учествува во започнувањето на проектот за железничкиот коридор број 10 и ќе присуствува на потпишување на договорот за санација на автопатот меѓу Ниш и Приштина, што се спроведува со европска поддршка.

Турнејата на Урсула фон дер Лејен е дел од подготовките за средбата на врвот Европска унија-Западен Балкан на 6 октомври.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO