Фото: Роjтерс

Постигнат е договор меѓу Србија и Косово за регистарските таблички на автомобилите, соопшти портпаролката на ЕК, Дана Спинант. Ова се случи за време на турнејата на претседателот Урсула фон дер Лајен на Западен Балкан, а таа денеска беше во Србија. Фон дер Лајен го поздрави неговото постигнување.

Тензиите меѓу Косово и Србија ескалираа пред десет дена откако властите во Приштина одлучија автомобилите што влегуваат од Србија да користат привремени регистарски таблички, како што Белград со години бара за автомобилите што патуваат во спротивна насока.

Косовските Срби, кои живеат главно на северот на Косово, се спротивставија, организираа протести и подигнаа барикади на патиштата кон границата. Властите во Косово реагираа со испраќање специјални полициски единици да ја следат забраната за возење со српски регистарски таблички. Како одговор, Србија распореди оклопни возила до границата.

Според договорот постигнат во Брисел со посредство на ЕУ, во сабота наутро ќе започне повлекувањето на насобраните полициски единици на граничните премини Јарин и Берњак и отстранување на придружните блокади на патиштата, кое треба да се заврши до 16 часот истиот ден, соопшти медијаторот во дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак.

Пред нивното отстранување, ќе започне распоредување на силите на КФОР на истите места, кои ќе останат таму околу две недели.

Од понеделник ќе влезе во сила договорениот во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ режим на вињети, се додека не се најде трајно решение за регистарските таблички.

За таа цел, ќе биде формирана работна група од претставници на ЕУ, Србија и Косово, предводена од Заедницата. Првата средба ќе се одржи на 21 октомври во Брисел.

„Имаме договор! По дводневни интензивни преговори, постигнат е договор за деескалација и за пат напред“, напиша Мирослав Лајчак на Твитер.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO