Денес, правдата е достапна за секого, а пред законите сите се еднакви. Тоа, меѓу другото, го потврдуваат Извештаите на Стејт департментот и Европската комисија, кои наведуваат дека по низа години заробена држава реформите во судството се видливи, велат од СДСМ преку соопштение.

Тие укажуваат дека и „додека половина партија им е по судови, а дел избега од државата ВМРО-ДПМНЕ без ни малку срам зборува за правда“.

ʺИстиот тој Кичеец за кого зборуваат е потврден соработник и слуга на Христијан Мицкоски, целата јавност имаше можност да чуе како Мицкоски договара соработка и бара услуги од него, сега тој е во затвор, додека за Бојан Јовановски беше донесена пресуда во брза и ефикасна судска постапка што е едноставно незамисливо за оние кои со години држеа судството целосно заробено. Ништо не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на криминалот и корупцијата, а СДСМ е посветена на обезбедување бескомпримисна правда за ситеʺ, потенцираат од владеачката партија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO