Фото: Роjтерс

Рускиот претседател Владимир Путин го определи како ʺбегство“ повлекувањето на воените сили на САД и нивните сојузници од Авганистан.

Тој нагласи дека настаните во таа земја директно се одразуваат на безбедносните интереси на државите од Шангајската организација за соработка, од кои многу имаат заедничка граница со Авганистан.

ʺСега организацијата се соочува со задача да заземе заедничка, кохерентна линија, земајќи ги предвид сериозните ризици што произлегуваат од ескалацијата на ситуацијата во Авганистан“, кажа Путин во видео -врска со лидерската средба во Душанбе.

Според рускиот претседател, преодната влада во Кабул не може да се нарече репрезентативна, но треба да бидат барани начини за да се работа со неа.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO