Фото: Роjтерс

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, ги определи како „алармантни“ разлики во земјите-членки во процесот на вакцинирање против ʺКовид-19“. Таа го кажа ова во нејзиниот годишен говор за состојбата на ЕУ пред Европскиот парламент во Стразбур.

Во својот говор, кој траеше околу еден час, Фон дер Лајен рече дека темпото на вакцинирање треба да се задржи и уште:

ʺТреба да продолжиме во истиот дух и Европа е подготвена. Обезбедени се дополнителни 1,8 милијарди дополнителни дози. Тоа е доволно за нас и за нашите соседи ако има потреба од засилувачка имунизација. Затоа, да направиме се што е можно за да спречиме ова да се претворти во пандемија на невакцинираните“.

Претседателката на Комисијата кажа дека ќе го посети Западен Балкан до крајот на овој месец како сигнал за силната посветеност кон процесот на нивното присоединување кон ЕУ.

ʺОва им го должиме на сите млади луѓе кои веруваат во европска иднина“, рече таа.

Фон дер Лејен ја истакна потребата од изградбата на Европска одбранбена унија, опишувајќи го недостатокот на напредок во тој поглед како „недостаток на политичка волја“.

ʺОд витално значење е да ја подобриме соработката во разузнавањето. И не станува збор за разузнавање во буквалната смисла, а да ги обединиме информациите на сите служби и извори – од Космосот, до полициската обука, отворените извори и агенциите за развој. ЕУ може да има единсвени според размерите и својата длабочина знаења, но ние можеме да ја искористиме таа информација и да донесуваме решенија само ако ја имаме целосната слика. А сега, тоа не е така “, кажа таа.

Фон дер Лајен истакна дека ЕУ стои покрај жените, децата и бранителите на човековите права во Авганистан и најави дека ќе обезбеди дополнителни 100 милиони евра хуманитарна помош за земјата.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO