Фото: Роjтерс

Мигрантскиот притисок врз Грција е речиси нула, изјави од островот Хиос министерот за миграција Митаракис. Силното обезбедување на копнените и морските граници ги намалило за 90% обидите за илегален влез во земјата.

Меѓутоа, Атина соопштува за силно зголемување на групите од мигранти кои стигнале до Бугарија и Италија.

Ранливоото место на копнената граница со Турција останува реката Марица. Поради нискиот водостој, секојдневно се прават обиди за влез на грчка територија од мигранти организирани од трговци со луѓе, соопштуваат медиумите од областа Еврос.

Граничната ограда долга 40 километри на границата е практично невозможно да се премине, така што мигрантите не влегуваат од тој правец, велат локалните жители од Еврос.

Властите, исто така, ги засилија патролите на реката Марица.

Единечни се случаите на влегување на чамци со мигранти преку Егејското Море до грчките острови поради големото присуство на европските сили на агенцијата ʺФронтексʺ.

Премиерот Мицотакис вети дека ќе го блокира евентуалниот бран Авганистанци кои бараат азил. Грција ја продолжи воената соработка со САД за уште пет години.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO