Владите на Република Северна Македонија и Република Косово утре во Скопје ќе одржат заедничка седница, на која ќе се потпишат низа договори и меморандуми со кои ќе се продлабочи и зајакне соработката меѓу двете држави.

ʺОва информација произлегува како резултат на ангажманот на работната група составена од претставници од двете Влади. Целта е да се задржи континуитетот во развивањето на добрососедските односи, имајќи предвид дека вакви седници беа одржани и со другите соседни земји. Придобивките од овие средби се подобрување на трговската размена, подобра комуникација на граѓаните и бизнисот од двете страни, проекти од заемен интерес, подобра меѓу гранична соработка и така натаму. На заедничката владина седница ќе бидат потпишани низа договори, односно меморандуми со кои ќе се продлабочи и зајакне соработката меѓу двете држави”, посочија портпаролите на Владата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO