Не си дозволувам да коментирам изјави и интервјуа на претседател на државата Неговата фунција е да биде коректив. Тоа што тој го соопштува го чувствувам најдобронамерно, рече денеска премиерот Зоран Заев, во врска со последното интервју на шефот на државата во кое, меѓу другото, зборува и за пожарот  во Тетово.

Тој нагласи дека претседателот на државата Стево Пендаровски одлично ја врши својата функција.

ʺТој е претседател на сите граѓани, ја врши одлично својата функција и е наш коректив, на политичарите. Нема да ни падне круната од глава ако испрати критики, напротив, од критиките треба да учимеʺ, истакна Заев.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO