Фото: Роjтерс

Во Барселона денеска ќе се одржи долгоочекуваната средба меѓу претставници на централната влада на Шпанија, предводена од премиерот Педро Санчез и регионалната на Каталонија, предводена од премиерот Пере Арагонес.

Оваа средба беше договорена на 3 август, кога за прв пат од 2018 година членовите на билатералната комисија седнаа на иста маса.

Причината за долгиот прекин на дијалогот помеѓу централните и регионалните власти беше спроведениот нелегален референдум за независност на Каталонија во 2017 година.

На средбата во август, луѓето на Педро Санчез и Пере Арагонес постигнаа согласност за ʺнамалување на институционалниот конфликт“ по помилувањето на политичките затвореници вклучени во обидот за отцепување од Каталонија.

Педро Санчез веќе потврди дека лично ќе присуствува на заедничката средба во Барселона, а веднаш потоа и Пере Арагонес најави дека ќе ја предводи каталонската делегација.

Еден ден пред средбата, меѓутоа, повторно имаше конфликти меѓу коалициските партнери во регионалната влада, откако Арагонес категорично одби да дозволи двајца од помилуваните сепаратисти, членови на партијата на Карлос Пучдемон, да присуствуваат на средбата, со аргументот дека таа е само за министри во двата кабинети.

ќОва не се преговори меѓу партиите, туку меѓу Каталонија и Шпанија, меѓу владите“, кажа Арагонес.

Меѓу најважните прашања за кои се очекува да се разговара се амнестијата на политичарите во странство и дозволата на централната влада за легитимен референдум за самоопределување на Каталонците.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO