Фото: Роjтерс

Во Москва се одржа средба меѓу претседателите на Русија и Сирија, Владимир Путин и Башар Асад, пренесе РИА Новости.

Агенцијата додава дека посетата на сирискиот лидер не била најавена претходно.

Путин изјавил дека со заеднички напори ослободиле голем дел од Сирија и дека владата контролира 90 проценти од територијата.

Асад исто така изјавил дека со заеднички напори со Русија е постигнат успех во борбата против терористите.

Меѓународниот тероризам не познава граници и се шири како зараза, изјавил сирискиот лидер, цитиран од РИА Новости.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO