Фото: Роjтерс

Свештениците во Кипар кои проповедаат против вакцинацијата против коронавирус, нема да добијат плата, па дури и може да бидат отстранети, според новите упатства на Кипарската православна црква. Во исто време, министерството за здравство алармира за огништа на ʺКовид“ во цркви и манастири.

Во Светиот синод се добиени поплаки дека свештеници не го почитуваат нејзиното решение за поддршка на вакцинацијата, донесено едногласно минатата седмица и продолжува да ги доведува во заблуда верниците во врска со тоа, соопшти архиепископот на Кипар Хрисостомос Втори.

Овие свештеници ќе бидат повикани ʺда се извинат, како на Синодот, така и на јавноста, што ја подвеле со лажни проповеди и да изразат поинакво мислење“, во спротивно ќе бидат казнети, предупреди поглаварот на Кипарската црква.

ʺУправувањето со пандемијата не е ниту црковно, ниту духовно прашање – тоа е медицински проблем“, истакна архиепископот при објавувањето на новите црковни мерки.

Во исто време, здравствените власти алармираат за огништа на Ковид во цркви и манастири.

11 од 12 калуѓерки од манастир во регионот Ларнака имаат коронавирус, а 6 од нив се хоспитализирани со тешки симптоми. Сите тие не се вакцинирани. Во болница во Лимасол, тројца свештеници од цркви во градот се во опасна состојба.

*0-годишниот архиепископ Хрисостомос Втори соопшти дека следната седмица ќе ја прими третата доза вакцина.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO