Фото: Роjтерс

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е принуден да се самоизолира поради случаи на коронавирус во неговото опкружување.

Путин го кажал тоа во разговор со таџикистанскиот претседател Емомали Рахмонов, соопшти прес-службата на Кремљ, додавајќи дека претседателот не е заразен со ʺКовид-19“ и дека е целосно здрав.

Поради режимот на самоизолација, рускиот претседател ќе учествува преку видеоконференциска врска на заседанието на Советот за колективна безбедност, закажан за оваа недела во Душанбе.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO