Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до претседателот на Собранието, Талат Џафери ја достави Предлог-одлуката за разрешување на министерот за здравство, Венко Филипче и предлага точката да се најде на дневен ред на денешната собраниска седница.

ʺОваа предлог одлука ја поднесуваме поради непрофесионално, неадекватно и ненавремено справување со пандемијата од Ковид 19, ненавремено набавување вакцини, недостиг на кадар, нехумани услови. Ова разрешување наместо да биде оставка од морални причини поради трагичниот настан кој се случи во модуларната болница во Тетово, ќе биде разрешување по барање на народотʺ, се вели во предлог-одлуката на ВМРО-ДПМНЕ.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO