Фото: Роjтерс

Државите од Западен Балкан се отскочна даска во соперништвото со Русија и Кина и затоа нивното членство во ЕУ е од ислкучителен геостратешки интерес за Западот. Ова го изјави германската канцеларка Ангела Меркел откако синоќа пристигна во Белград.

На заедничката прес -конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ, таа го пофали напредокот, постигнат од земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон членство во ЕУ, но додаде дека тие треба да изодат уште пат кон постигнувањето на владеење на правото, демократија и разновидност во граѓанското општество.

Вучиќ увери дека на Србите им е целосно јасно дека нема да станат граѓани на Европската унија додека не се реши спорот со Косово.

ʺРешението треба да е компромисно, а не понижувачко за Србија“, кажа Вучиќ. Тој додаде: ʺТреба да се промениме заради нас и верувам дека ќе дојде политички момент кога ќе можеме да влеземе во Европската унија“.

По посетата на Србија, Ангела Меркел денеска ќе пристигне во Албанија, каде што ќе се сретне со премиерот Еди Рама и неговите колеги во регионот. Ова е последна посета на Меркел на Западен Балкан, пред германската канцеларка да ја напушти функцијата и да ја напушти политиката оваа есен.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO