Папата Франциско ја истакна улогата на Светите браќа Кирил и Методиј како ʺпредвесници на христијанското единство“. Тоа се случи на почетокот на 4-дневната посета на Светиот Отец на Словачка.

Солунските браќа ќе ни помогнат ʺда се ослободиме од идеологиите“ и да најдеме ʺпат кон единството“, кажа папата за време на средба со митрополитот Ростислав, поглавар на автокефалната Православна црква во чешките земји и Словачка.

Источно -православните Словаци се релативно малку, католиците сочинуваат околу 70 проценти од населението во земјата, потсетуваат новинските агенции.

Во чест на Папата, камбаните на сите 2.627 католички храмови во Словачка за заѕвонеа токму кога авионот се приземји во Братислава.

Покрај главниот град, Френциско ќе посети некои од најсиромашните реони во источниот дел на земјата, ќе одржи отворена литургија во северниот град Шаштин и ќе се сретне со претставници на еврејската и ромската заедница во Словачка.

Претходно, папата Франциско ја посети Унгарија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO