Грција и САД преговараат за продолжување на нивната воена соработка за пет години, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Сегашниот договор меѓу Атина и Вашингтон треба да се обновува годишно.

Мицотакис истакна дека заедно со проширената соработка со Американците, неговата влада продолжува да ја поддржува иницијативата на Франција за поголема оперативна самостојност на европската војска.

Поради тензиите со Турција во Источниот Медитеран, владејачките конзервативци во Грција минатата година започнаа голема и скапа програма за вооружување на морнарицата, авијацијата и ракетните сили.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO