Во Брисел внимателно ги набљудуваат изборите во Бугарија поради нивниот потенцијален ефект врз дебатата за проширувањето на ЕУ, пишува ʺПолитикоʺ.

Материјалот е по повод изборите за парламент и шеф на државата на 14 ноември.

Од ноември 2020 година, Бугарија го блокира започнувањето на преговорите за членство со нејзиниот сосед Северна Македонија поради спорови за историјата и јазикот, истакнува изданието.

Тоа соопштува дека на 6 октомври во словенечкиот град Брдо ќе се одржи средба на лидерите на ЕУ и на Западен Балкан.

Дипломатите меѓутоа се скептични за каква било промена на позицијата на Бугарија пред изборите.

Желбата за проширување на Унијата опаѓа во многу земји, како Франција и Холандија.

Во проект -декларацијата за претстојната средба, виден од репортери на ʺПолитикоʺ, дури не се споменува зборот ʺпроширување“.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO