Фото: Роjтерс

Близу 4.700.000 луѓе во Шпанија живеат во крајна сиромаштија, се вели во извештајот на Европската мрежа за борба против сиромаштијата и социјалната исклученост.

Тоа е околу еден милион повеќе отколку во 2008 година на почетокот на глобалната финансиска криза.

За крајно сиромашни се сметаа луѓе чиј приход е помал од 6.417 евра годишно, што е помалку од 535 евра месечно. Ако зборуваме за семејства со двајца возрасни и две деца, со примања под 281 евра месечно по лице, тогаш тие повторно се во категоријата крајно сиромашни.

Според статистичките податоци, Валенсија, Канарските Острови и Астурија се регионите со најголем процент од населението (помеѓу 12,2% и 16,7%) кои имаат потреба од помош, но како бројка, тие се најмногу во Андалузија (980.000 луѓе)), Каталонија (702.000 ) и Валенсија (674.000).

ʺСпротивно на очекувањата, тоа не се луѓе кои се обидуваат да ги искористат предностите на социјалниот систем, туку оние кои вложиле максимални напори за да имаат достоинствен живот“, вели авторот на извештајот Хуан Карлос Лано.

Во 72% од случаите станува збор за Шпанци, од кои скоро 5 од 100 имаат високо образование и околу 9% средно образование.

Поради несолвентноста на нивните родители, 14% од децата исто така живеат во крајна сиромаштија.

Според невладините организации, за да се справи со сиромаштијата, владата треба да одржува ʺвисоко ниво на социјална заштита, универзални јавни услуги и квалитетно вработување, како и да гарантира родова еднаквост и борба против сите форми на дискриминација“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO