Фото: Роjтерс

Наводен агент на саудиското разузнавање ги потпомогнал логистички и финансиски двајца од атентатороте на ʺАл Каедаʺ кои ги извршија нападите на 11 септември 2001 година. Овој заклучок на ФБИ, цитиран од Си -Ен -Ен, е содржан во првиот од декласифицираните документи од официјалните американски истраги за атентатите. Објавувањето на документите беше наредено актуелниот претседател Џо Бајден.

Првиот објавен документ е од 2016 година и ја сумира федералната истрага за можна врска помеѓу атентаторите и вработен во саудискиот конзулат и наводниот разузнавачки агент, кои пред атентатите биле стационирани во Лос Анџелес.

Осомничен за вработен во саудиското разузнавање е Омар ал Бајоми-во тоа време студент во градот. ФБИ открило бројни врски и располага со докази од сведоци дека Бајоми обезбедил ʺлогистичка поддршка, сместување и финансирање“ за двајца од атентаторите.

Си -Ен -Ен потсетува дека наредбата на Бајден за објавување на истрагите дојде откако 1.600 луѓе, повредени или кои изгубиле најблиски во нападите го повикаа претседателот да не учествува во прославите на 20 -годишнината од атентатите доколку не ги објави целосните информации со кои располагаат американските власти за нив.

Писмото од жртвите го покрена и прашањето дали Саудиска Арабија ги поддржувала џихадистите од ʺАл Каедаʺ.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO