Фото: Роjтерс

Британскиот премиер Борис Џонсон има намера да го собори рекордот на Маргарет Тачер и да упраува повеќе од 11 години, колку што има на постот неговата легендарна претходничка, пишува ʺТајмсʺ, повикувајќи се на негови блиски.

Анкетите може и да покажуваат дека владејачките конзервативци заостануваат зад лабуристите за прв пат од јануари, но Борис Џонсон планира да управува уште една деценија, мотивирајќи се со тоа, дека за да го исполни неговото ветување за ʺизрамнување на стандардот на живеење во Велика Британија“, потребни му се 10 години.

ʺТајмсʺ пишува дека Џонсон сака да ʺостави нешто на нацијата“, како што посочил за весникот член на неговиот кабинет. Истиот тој министер кажал дека не треба да се верува на приказните на неговиот поранешен прв советник Доминик Камингс дека Џонсон нема амбиции и планира да се повлече од постот две години по следните општи избори во 2024 година ʺза да заработи пари и да се порадува на животот“.

Лозунгот на Џонсон за еднаквост меѓутоа е критикуван од пратеници од целиот политички спектар, како лишен од јасни цели и програма, а неговиот рејтинг сега падна уште повеќе по неговиот спорен план за социјална реформа, со кој го прекрши предизборното ветување да не се дигаат даноците.

Соопштението за амбициите на премиерот да ја ʺпрескокне“ Маргарет Тачер, наиде на ужас и зачудување од многумина, коментира ʺГардијанʺ.

Лабуристите изјавија дека сите оние кои веруваат во фер и принципиелна политика треба да се обидат да ги попарат овие амбиции. А шкотските националисти кажаа дека тоа ги прави уште поамбициозни да се борат за независност на Шкотска


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO